02 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрече пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор поради напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во казната ќе се пресмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор, потврдија од судот.
Случајот се однесува на настанот од 11 јули 2025 година, кога Арсовска, заедно со овластени службени лица, излегла на терен по пријава за бесправна градба. Според обвинението, Љамалари пристигнал со електричен тротинет и физички и вербално ја нападнал градоначалничката, нанесувајќи ѝ телесни повреди и упатувајќи сериозни закани.
Во текот на судскиот процес, Љамалари тврдеше дека не бил напаѓач, туку жртва на настанот. Тој изјави дека се обидел само да го тргне телефонот на Арсовска, бидејќи, како што рече, таа неовластено снимала. Дополнително тврдеше дека бил удрен со нога од страна на оштетената.
Од другата страна, Арсовска во сведочењето го опиша нападот како „агресивен и опасен“. Таа истакна дека се чувствувала загрозено, несигурно и исплашено, додавајќи дека нападот траел повеќе од 40 минути, сè до моментот кога била неопходна полициска интервенција.
Судењето го водеше судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Александар Давчевски. Судот по разгледување на доказите ја донесе пресудата за две години затворска казна.
Македонската младина сака европска иднина: 69% поддржуваат членство во ЕУ
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден