01 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно го истакна својот јасен и непоколеблив став дека ветингот е неопходен институционален и општествен процес кој има за цел да ја врати довербата на граѓаните во правосудството, државните институции и во самиот демократски систем.
Според ДУИ, функционална држава и праведно општество не се можни без сеопфатен процес на ветинг под меѓународен надзор, кој ќе обезбеди транспарентност, отчетност и одговорност на сите нивоа на власта.
ДУИ во своето соопштение ги повикува сите парламентарни партии:
ДУИ повторува дека ова не е прашање само за партијата, туку за иднината на државата и правдата.
„Да бидеме јасни: ветингот не го сакаат оние кои денес донираат јавни добра, примаат сомнителни донации од Србија и градат стотици објекти без дозвола. Тие што се плашат од транспарентност, не можат да бидат гаранти на правдата,“ се наведува во соопштението.
ДУИ апелира до сите политички субјекти и Владата да покажат институционална храброст и политички интегритет. „Ако немаат што да кријат, нека го поддржат ветингот,“ порача партијата, нагласувајќи дека нема да се откаже од оваа иницијатива.
„Ветингот ќе се случи. Затоа што ова не е само партиско прашање. Ова е прашање на правдата, на државата, на иднината.“ – се заклучува во соопштението на ДУИ.