28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше со остар тон на последните случувања во Тетово, по симболичната акција во која беа поставени билборди со ликот на градоначалникот Билал Касами.
Во своето соопштение, ДУИ посочува дека „ниту окупаторите, ниту комунизмот, ниту пак оваа криминална структура што моментално ја води општината, не успеале и нема да успеат да ги замолчат гласовите кои се спротивставуваат на неправдата.“
Според партијата, ликот на Билал Касами бил прикажан на билбордите како симбол на „криминалното и корумпирано владеење“, при што тие обвинуваат дека тој „на незаконски и штетен начин продал јавни имоти на Општина Тетово и дал во концесија јавни претпријатија“.
ДУИ смета дека таквите постапки се класичен пример на злоупотреба на функцијата и директен напад врз интересите на граѓаните.
Од партијата информираат дека по оваа акција започнале притисоци и „диктаторски однесувања“ од страна на локалната власт, кои наредиле отстранување на билбордите и уништување на промотивните материјали.
„Оваа агресивна реакција претставува директно кршење на слободата на изразување, што е загарантирано право во секое демократско општество,“ се вели во видео обраќањето на ДУИ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден