15 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагираше по повод присуството на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, на приемот организиран од руската амбасада во Скопје по повод Денот на Русија. Според ДУИ, ваквиот потег претставува загрижувачки сигнал за постоење на, како што го нарекуваат, „српскиот свет“ во самата Влада, кој активно промовира и брани руски наративи.
„Стоилковиќ ја претставуваше Владата, застанат рамо до рамо со амбасадорите на Русија, Кина и нивни стратешки партнери, како и со домашни поддржувачи на српскиот и рускиот свет, во одбрана на руската агресија врз Украина“, стои во соопштението од ДУИ.
Партијата на Али Ахмети укажува дека овој чин претставува сериозно отстапување од јасната евроатлантска ориентација на земјата. Тие ја критикуваат улогата на премиерот, обвинувајќи го дека со својата тивка поддршка всушност релативизира сериозни безбедносни и политички ризици.
ДУИ потсетува дека НАТО веќе има идентификувано и потврдено манипулативните и деструктивни влијанија на Русија како директна закана по процесот на политичко одлучување во земјите членки. Според нив, присуството на Стоилковиќ на ваков настан, без јасна осуда од Владата, го отвора патот за „нормализација“ на отстапување од западниот курс на државата и приближување кон алтернативни центри на моќ, предводени од Пекинг и Москва.
ДУИ ја повикува Владата да преземе конкретни чекори и да ја потврди својата посветеност на евроатлантските вредности, предупредувајќи дека секое друго однесување претставува опасен преседан за иднината на земјата.