27 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Огранокот на Демократска унија за интеграција (ДУИ) во Кичево денеска остро реагираше на промоцијата на кампањата „гласот што го слушаме, македонското најдобро“, организирана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Според соопштението на ДУИ, активноста реализирана во Кичево, град со над 50% албанско население, претставува прекршување на Законот за употреба на јазиците и не го одразува мултиетничкиот карактер на општината.
Од огранокот посочуваат дека е неприфатливо промотивните материјали и банерите да бидат исклучиво на македонски јазик, како и тоа што министерот, според нив, одбил комуникација на албански јазик. Ваквиот пристап, велат од ДУИ, е спротивен на принципите на еднаквост и соживот, врз кои треба да се гради едно демократско општество.
„Почитувањето на јазикот е почитување на граѓанинот. Државните институции имаат законска и морална обврска да го почитуваат албанскиот јазик како службен јазик“, се наведува во реакцијата.
ДУИ – Огранок Кичево информира дека нема да молчи за ваквите постапки и бара од надлежните институции доследно да го применуваат законот за сите граѓани, без разлика.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

