10 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) бара итно повлекување на учебникот по географија за седмо одделение, во кој во делот за Република Косово се користи терминот „Метохија“. Од партијата истакнуваат дека одговорноста за ваквиот пропуст паѓа директно врз државните институции — Министерството за образование и Националната комисија за учебници.
„ДУИ изразува длабока загриженост за тенденциозниот пристап и сериозните неточности што се наоѓаат во учебникот по географија за VII одделение, издаден од издавачката куќа ‘Тримакс’ – Скопје и одобрен од Националната комисија за учебници на 5 август 2025 година. Учебникот, кој е ставен во употреба во учебната 2025 година, содржи формулации што го извитоперуваат историскиот и политичкиот контекст на Косово“, стои во реакцијата на партијата.
ДУИ посочува дека делот во кој Косово е опишано како „се наоѓа на југозапад од Србија“ му доделува на Белград улога на референтна точка и ја игнорира независноста на Косово, која Северна Македонија официјално ја признава. Дополнително, употребата на терминот „Метохија“ за Рамниот Дукaгжин се оценува како сериозна научна и идентитетска девијација, која го следи српскиот историски наратив.
Како проблематично се наведува и формулацијата „Митровица на Косово“, која ја рефлектира терминологијата „Косовска Митровица“, а која, според ДУИ, не смее да се појави во институционално одобрен учебник.
Од партијата бараат учебникот веднаш да се повлече од употреба, неговата содржина да се ревидира и коригира согласно научните стандарди и државната политика, како и да се утврди институционална и политичка одговорност за објавувањето на овој учебник во 2025 година. ДУИ исто така бара да се гарантира академска неутралност во сите идни образовни материјали.
Бугарија го започнува првиот голем проект за складирање на CO₂ во Источна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

