24 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Општинската организација на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Бутел остро реагираше на изјавата на градоначалникот Дарко Костовски, кој рече дека „ја стиснал во корен востанието на ДУИ во Бутел“.
Од ДУИ – Бутел велат дека ваквиот речник е „срамотен и неприфатлив за еден претставник на граѓаните“ и дека ваквиот раздорен дискурс не ѝ служи ниту на демократијата, ниту на меѓуетничкиот соживот што со години се градел со труд и посветеност.
„Резултатите се какви што се, и ние сме благодарни на секој граѓанин кој го поддржа албанскиот кандидат за градоначалник, без разлика на таргетирањата, уцените, заканите и пропагандата што се спроведуваше со целата машинерија на власта. Особено нè радува фактот што Албанците денес имаат осум советници во Советот на Општина Бутел – четворица повеќе од претходниот мандат. Тоа е гласот на граѓаните, тоа е реалноста што никој не може да ја ‘согмчи’“, стои во реакцијата на ДУИ – Бутел.
Од партиската организација го повикуваат градоначалникот Костовски веднаш да престане со говорот на омраза и да се потсети дека општината „не е негова, ниту на неговата партија, туку заеднички дом на сите граѓани – без разлика на етничка или политичка припадност“.
Во заклучокот од реакцијата, ДУИ нагласува дека реториката на поделби само ја зацврстува нивната определба за развој, стабилност и соживот.
„Ќе продолжиме да бидеме глас на единството, почитта и благосостојбата на секој граѓанин на Бутел“, завршува соопштението на ДУИ – Бутел.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

