МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Едноетничките табли на влезот во Струга се провокација кон Албанците

01 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ја осуди поставувањето на еднојазични сообраќајни табли на влезот во Струга, оценувајќи го овој чекор како отворена провокација против Албанците и против соживотот во земјата.

„Кога една влада одлучува во град како Струга да постави сообраќајни табли исклучиво на македонски јазик, тоа не е техничка грешка. Тоа е порака. Тоа е провокација,“ се наведува во реакцијата на партијата.

ДУИ истакнува дека исклучувањето на албанскиот јазик, маргинализирањето на Албанците од институциите, како и негирањето на нивните вредности и придонес, се претворени во официјална политика на оваа „моноетничка влада“.

„Кој има интерес од оваа линија на понижување и создавање тензии? На кого му одговара меѓуетнички конфликт? Дали ова е цената за учеството во таканаречениот проект ‘српски свет’?“, прашуваат од партијата.

ДУИ предупредува дека постои црвена линија што не смее да се помине, а според нив актуелната власт ја преминува секојдневно.

Партијата бара итно враќање на двојазичните табли во согласност со законите и Уставот, потсетувајќи дека почитувањето на албанскиот јазик е уставно загарантирано право и основна вредност на мултиетничкиот поредок во државата.

„Албанците нема да молчат пред бришењето на нивниот јазик од јавниот простор,“ порачуваат од ДУИ.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени