22 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Општинската организација на ДУИ во Бутел остро реагира на одлуката на директорката на основното училиште „Живко Брајковски“, која ги прекинала активностите на учениците по повод празниците од ноември, со образложение дека дел од децата носеле албанска национална носија. Од партиската организација сметаат дека ваквиот потег е дискриминаторски и бараат итни мерки против, како што велат, несоодветното и пристрасно однесување на директорката.
Во нивната реакција се наведува дека учениците повеќе од еден месец се подготвувале и увежбувале за настапот, а забраната – изречена непосредно пред реализацијата – е навредлива и неприфатлива.
„Дегата на ДУИ во Бутел ја изразува својата длабока загриженост и индигнација поради апсурдната и неприфатлива одлука на директорката на ОУ ‘Живко Брајковски’. Образложението дека активноста се забранува поради албанската народна носија е скандалозно и дискриминаторско. Ова претставува опасен преседан и директен напад врз националниот идентитет на Албанците во нашата општина“, се наведува во соопштението.
Оттаму бараат институциите итно и непристрасно да реагираат, со цел да се заштитат принципите на соживот, меѓуетничко почитување и достоинството на сите заедници.
„Доколку случајот се релативизира или прикрие, ќе им дадеме целосна поддршка на родителите за преземање на сите демократски механизми – од информирање на јавноста и медиумите, до барање институционална разрешница. Дискриминација врз албанските ученици нема да толерираме“, додаваат од ДУИ – Бутел.
Овој случај доаѓа во период кога во земјата се случија повеќе инциденти со меѓуетничка позадина. Минатата година, Државниот просветен инспекторат спроведе надзор во ОУ „7 Март“ во село Челопек, Тетово, поради настап на кој ученици носеле униформи на ОВК и држеле пластично оружје. Една наставничка беше прогласена за одговорна.
Кон крајот на ноември и почетокот на декември 2024 година, во Македонија беа забележани повеќе настани што доведоа до тензии и поттикнување меѓуетничка нетрпеливост. Иницијативата на министерката за образование, Весна Јанева, да се отвори инспекциска постапка за училиштето во Бутел беше оценета како ксенофобична од страна на албанските опозициски партии.
Во склоп на инцидентите поврзани со 28 Ноември – Денот на албанското знаме, беа уапсени 18 лица, од кои четворица завршија во 8-дневен притвор поради кинење на знамето на Македонија и учество во физичка пресметка. На 1 декември во Куманово беа запалени неколку автомобили, деловен објект и фасада од куќа во сопственост на албански граѓани.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

