24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) побара итна оставка од директорката на Централниот регистар и политичка одговорност од Владата, откако беа објавени информации дека во институцијата се реализирани 40 унапредувања без ниту еден претставник од албанската заедница.
Од ДУИ нагласуваат дека ваквата состојба претставува сериозно нарушување на принципот на правична застапеност, особено кога, како што велат, Албанците се целосно исклучени од процесите на унапредување во јавна институција.
„Ова не е административен пропуст, туку јасен показател за еднострано одлучување и игнорирање на Албанците како рамноправна заедница во државата“, посочуваат од партијата.
ДУИ бара:
Од партијата предупредуваат дека исклучувањето на Албанците од институциите може да има негативни последици врз довербата во системот и врз меѓуетничките односи во земјата.
Воедно, тие повикаа и на внимателно следење од страна на меѓународната заедница, со цел да се спречат вакви појави и да се заштитат правата на сите заедници.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

