25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на најновите изјави и постапки на министерот за правда, г. Филков, оценувајќи дека со нив тој отворено ги прекршува Уставот и Законот за употреба на јазиците. Според партијата, министерот тврди дека правосудниот испит нема да се полага на албански јазик, туку исклучиво на македонски, нагласувајќи дека ова прашање е затворено и дека нема да има испит на албански јазик.
Од ДУИ ваквиот став го квалификуваат како скандал без преседан, кој директно го нарушува уставниот поредок на државата. Тие потсетуваат дека Уставот и Законот за употреба на јазиците јасно и недвосмислено утврдуваат дека албанскиот јазик е уставна и законска категорија, која мора да се почитува во сите институционални постапки и активности, вклучително и во оние што се однесуваат на правосудството и јуриспруденцијата.
Според партијата, секое отстапување од оваа обврска претставува директно кршење на важечките позитивни прописи. Тие предупредуваат дека кога еден министер си дозволува свесно да игнорира право гарантирано со Устав, тоа не само што ја нарушува јазичната рамноправност, туку испраќа и опасна порака до другите институции дека законите може да се занемаруваат според политичка волја.
ДУИ оценува дека ваквиот пристап создава неприфатлив преседан и охрабрува понатамошни повреди на правниот поредок. Партијата најавува дека ќе бара политичка одговорност за овие постапки и дека ќе ги искористи сите демократски механизми за заштита на албанскиот јазик како неоспорлива уставна и законска категорија.
„Почитувањето на Уставот не е прашање на лична волја, туку темелна обврска на секој носител на јавна функција“, порачуваат од ДУИ.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

