МАКЕДОНИЈА

ДУИ: Албанците нема да дозволат државата да стане инструмент на антиевропска агенда

02 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во најновото соопштение, Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на, како што велат, јасно координирана и организирана антиевропска агенда во регионот, која има за цел рушење на демократскиот поредок на Балканот и блокирање на процесот на европска интеграција.

„Станува збор за добро организиран проект, политички, медиумски и финансиски поддржан од антиевропски сили, потпомогнати од моќни проруско и прокинески центри, со цел изолација на регионот и негово претворање во зона под влијание на источни автократии“, стои во соопштението на ДУИ.

Партијата посочува дека во оваа опасна стратегија, за жал, активно учествуваат и одредени албански фракции во актуелната власт, кои ги нарекуваат „васали избрани и контролирани од Мицкоски преку Обвинителството“, со цел прикривање на криминалните афери кои ги следат.

„Овие ‘албански партнери’, неспособни и корумпирани, не можат да бидат легитимна заштита за еден толку опасен, антиалбански и антиевропски проект“, наведува ДУИ.

ДУИ порачува јасно: „Албанците никогаш нема да дозволат државата да стане сојузник на Додик и инструмент за саботажа на Брисел во регионот. Нема да прифатиме да бидеме заложници на агенда која ја демонтира еднаквоста, демократијата и европската перспектива на нашата држава.“

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени