27 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Политичката партија Левица остро реагира на, како што велат, недозволивото доцнење на исплатата на надоместоците за лицата ангажирани во спроведувањето на двата круга од локалните избори одржани во октомври и ноември 2025 година.
Од партијата посочуваат дека, иако од завршувањето на изборниот процес поминале речиси три месеци, значителен број членови на изборните одбори сè уште не ги добиле средствата за својот ангажман. Дополнително, процесот на исплата, кој се реализира преку единиците на локалната самоуправа, во повеќе општини не е ниту приближно завршен.
„Левица укажува дека и Државната изборна комисија и локалните администрации покажуваат крајна нетранспарентност во однос на реализацијата на исплатите, како и за причините поради кои доаѓа до вакви задоцнувања“, се наведува во партиското соопштение.
Според Левица, ваквото однесување претставува сериозна административна неодговорност и директно непочитување на трудот на илјадници лица кои, како што велат, професионално и одговорно го спровеле изборниот процес. Тие потсетуваат дека висината на надоместоците за изборен ангажман останала непроменета уште од претседателските и парламентарните избори во мај 2024 година, без никакво усогласување со зголемените животни трошоци и инфлацијата.
„Тоа значи дека ангажираните лица реално работеа за помал износ, што е јасен показател за системската негрижа кон оние што го обезбедуваат демократскиот изборен процес во државата“, порачуваат од Левица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

