18 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Деветнаесетгодишната девојка која пред три дена падна од балкон во Тетово и беше итно хоспитализирана, била жртва на психичко и физичко малтретирање од нејзиниот татко, информираа од СВР Тетово.
Според официјалните информации, на 16 март 2026 година, околу 21:20 часот, 47-годишниот татко со иницијали А.А. сам се пријавил во полиција, по што со него бил извршен службен разговор.
„Постапувајќи по настанот од 14 март, кога 19-годишна девојка падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и беше пренесена во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје, полициските службеници утврдија дека таа била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко“, соопштија од СВР Тетово.
Од полицијата додаваат дека случајот се расчистува во координација со јавен обвинител. По извршениот разговор, осомничениот е пуштен на слобода, но по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Засега не се соопштуваат дополнителни детали за здравствената состојба на девојката, ниту за околностите под кои дошло до падот.
Истрагата продолжува.
Украден бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Чаир
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

