12 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
На овој ден, Православната Црква го празнува споменот на светите вериги на Светиот апостол Петар – вериги што ја симболизираат неговата маченичка издржливост, божествената сила и исцелителната благодат што преку нив се пројавила.
Според сведоштвото во Дела на светите апостоли (12,7), апостол Петар бил затворен од страна на беззакониот цар Ирод. Додека бил окован со тешки железни вериги, во ноќната темнина се појавил ангел Господов, кој го разбудил, и веригите чудесно паднале од неговите раце. Ова чудо останало длабоко врежано во колективната меморија на Црквата и на христијанскиот народ, а самите вериги станале предмет на особена почит.
Христијаните не само што ги чувале овие вериги во спомен на големиот апостол, туку и верувале во нивната исцелителна сила. Како што од ризата на апостолот Павле мнозина се исцелувале (Дела 19,12), така и допирањето до веригите на апостол Петар носело исцелување на болните и страдалните.
Јерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, ги предал овие драгоцени вериги на царицата Евдокија – прогонетата сопруга на византискиот цар Теодосиј Помладиот. Таа ги преполовила и една половина испратила во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другата половина ѝ ја подарила на својата ќерка, царицата Евдоксија, која била мажена за римскиот император Валентијан.
Царицата Евдоксија, поттикната од побожност и благодарност, му изградила црква на Светиот апостол Петар во Рим, каде што ги положила овие свети вериги, заедно со оние со кои апостолот бил окован во времето кога бил убиен од царот Нерон.
Овој ден не е само спомен на предмети од минатото, туку живо сведоштво за верата, страдањето и чудото на избавувањето. Светите вериги на апостол Петар се симбол на духовна сила, Божја благодат и надеж за сите што страдаат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден