МАКЕДОНИЈА

Денеска е Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата

08 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Православните христијани денес го празнуваат еден од најголемите Господови празници – Педесетница, познат уште и како Духовден, Свети Дух, Доедни или Св. Троица. Овој празник се одбележува педесет дена по Воскресението Христово – Велигден, и десет дена по Спасовден – Христовото Вознесение.

Педесетница го означува моментот кога Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, за време на еврејскиот празник Педесетница. Токму тогаш, апостолите беа исполнети со божествена сила и добија дар да зборуваат на разни јазици, што им овозможи да ја пренесат Христовата наука низ целиот свет. Поради тоа, светиот настан се смета за "Роденденот на Црквата", бидејќи тогаш започна активната мисија на апостолите и на христијанската заедница.

За православната црква, Педесетница има длабоко духовно значење. Светиот Дух од тој ден па сè до денес непрестајно слегува врз црквата преку светите тајни, литургијата и молитвите. Тој е изворот на духовноста, оној преку кого христијанскиот живот добива своја полнота и смисла.

Во Стариот Завет, луѓето го познаваа само Бог Отецот. Со доаѓањето на Исус Христос го запознаа Синот Божји – Единородниот. На Педесетница, човештвото го запозна и третото лице на Света Троица – Светиот Дух. Така, празникот ја заокружува богојавенската полнота и ја потврдува вистината за Троичниот Бог.

Педесетница не е само спомен на еден настан, туку и жив празник кој потсетува на постојаното присуство на Светиот Дух во животот на црквата и верниците. Тој е празник на духовното будење, на заедништвото и на мисијата на верата која продолжува и денес.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени