04 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста излегоа архивски документи кои го доведуваат во прашање политичкиот наратив на Венко Филипче, претседател на опозициската СДСМ и еден од најгласните бранители на македонскиот идентитет. Станува збор за документи од 1943 година кои сведочат дека неговиот дедо, Ставре Филипчев, во времето на бугарската администрација за време на Втората светска војна, извршувал судиска функција и бил претседател на проверителната комисија во културното-просветно друштво „Св. Климент“ во Охрид.
Според оригиналните списоци, протоколи и декларации, Ставре Филипчев е наведен како судија, а во исто време претседавал со проверителната комисија на бугарското народно читалиште „Св. Климент“, кое во својата програма имало цел „разбудување на бугарскиот дух“ во охридското население преку културни активности и ширење литература.
Конкретно, во протоколот од 26 август 1943 година стои дека Филипчев, заедно со други истакнати членови на локалната управа, учествувал во организирањето и раководењето со работата на читалиштето, кое дејствувало во рамки на бугарската окупациона власт. Во декларацијата потпишана од сите членови, се потврдува дека тие немаат недоразбирања против тогашниот државен систем и дека биле редовни и лојални членови на читалиштето.
Овие архивски податоци отвораат сериозни прашања: како е можно Венко Филипче, кој денес често зборува за антифашистичката традиција, за „чистиот македонски јазик“ и за отпорот кон бугарските претензии, да не го спомнува фактот дека неговиот дедо бил активен дел од структура која промовирала бугарски национални идеи во Охрид?
Дали политичарот е должен да се огради од вакви семејни историски врски, или пак тоа нема никакво значење за неговата сегашна кариера и политички ставови?
На овие дилеми јавноста ќе треба сама да одговори. Но, факт е дека архивските документи јасно сведочат за ангажманот на Ставре Филипчев како судија и претседател на комисија во време на бугарската власт, што несомнено отвора простор за нови дебати околу политичките пораки на неговиот внук денес.