16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во дворот на градинката „13 Ноември“ во населбата Буњаковец во Скопје, деца пронашле шприц за време на играње, јавува порталот „А1он“. Според сведоштвата на загрижени родители, станувало збор за веќе употребен шприц, најверојатно фрлен од лице зависно од дрога.
Децата, додека играле во дворот, го зеле шприцот и почнале да си го предаваат едно на друго. Настанот, според родителите, траел одредено време без да биде забележан од воспитувачите или персоналот на градинката. Ситуацијата станала уште посериозна кога едно од децата го однело шприцот дома скриен во џеб. Подоцна било утврдено дека иглата од шприцот е скршена и дека дел од децата се гребеле со неа. Сè уште нема потврда дали некои од нив биле боцнати или сериозно повредени.
Родителите се во паника и стравуваат за можни последици по здравјето на децата. Еден од нив за „А1он“ изјавил дека од градинката им било порано да не го изнесуваат случајот во јавност и дека ќе се реши внатрешно. Овој став предизвикал дополнително незадоволство кај дел од родителите, кои сметаат дека безбедноста на децата не е доволно обезбедена.
Некои од нив бараат во вечерните часови да има зголемени контроли во дворот, за да се спречат вакви инциденти и да се ограничи пристапот на лица кои таму фрлаат отпад или употребуваат дрога.
Од „А1он“ се обиделе да ја добијат директорката на градинката, Ружица Биџовска, за коментар, но телефонскиот број за контакт не бил во функција. Засега не е познато дали ќе има официјална реакција од надлежните институции или мерки за дополнителна заштита на децата.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден