14 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии, повторно го зави Скопје во густ црн чад. Настанот предизвика загриженост кај јавноста, а кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагираше со барање за одговорност.
„Скопје повторно под црн чад! Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?“, напиша Шукова на својот профил на Фејсбук. Таа нагласи дека молкот и игноранцијата не се решение и дека граѓаните заслужуваат одговори и конкретни мерки.
Според неа, последните четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сè се сведува на импровизација, особено во делот на отпадите и депониите кои, како што вели, работат без соодветни стандарди и без контрола.
Шукова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните:
„Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење. Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните.“
Пожарот во Трубарево, проследен со експлозии, уште еднаш ја отвори темата за безбедноста на депониите и третманот на отпадот во Скопје. Граѓаните, преку реакции на социјалните мрежи и медиумите, изразија револт и страв од последиците врз здравјето и животната средина.
Јавноста очекува институциите да дадат јасни одговори и да преземат мерки за спречување на слични трагедии во иднина.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден