македонија06 септември 2024 ЦУК: Вкупно 34 пожари на отворено вчера, шест се активни
Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари на отворен простор, од нив шест се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во Мариово каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума. Пожар има и на планината Мукос во Чашка.
Нискостеблеста шума гори кај Брезница, Општина Петровец.
Во селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, на полигон Криволак, Општина Штип, гори нискостеблеста шума, смреки и сува трева. И пожарот кај селото Танушевски, Општина Чучер-Сандево, е сè уште активен. Кај селото Десово, Општина Долнени, гори сува трева и мешана шума.
Под контрола е пожарот на депонијата кај Крушево.