Четири лица лишени од слобода во гостиварско поради дивеење на патот
На магистралниот пат Тетово – Гостивар, кај Дебрешкиот надвозник, полицијата на 11 мај 2025 година приведе четири возачи кои со своите возила се движеле со екстремно висока брзина, значително над дозволеното ограничување.
Првиот случај бил регистриран во 14:55 часот, кога К.Р. (32) од Косово управувал „Ауди“ со косовски регистарски таблички со брзина од 162 км/час, иако на тој дел од патот ограничувањето изнесува 80 км/час. Само пет минути подоцна, во 15:00 часот, С.С. (55) од селото Преглаво, општина Пласница, бил фатен како вози „Ауди“ со италијански ознаки со брзина од 156 км/час.
Во 16:40 часот, Д.К. (34) од Тетово управувала „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 167 км/час. Последниот случај бил забележан во 17:45 часот, кога Д.З. (29) од Скопје управувал возило „Џили“ со скопски таблички со брзина од 161 км/час.
Сите четворица биле веднаш лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосното документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат до сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.