24 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за надворешни работи на Бугарија и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје соопштија дека се во постојан контакт со Владимир Перев – еден од најпочитуваните претставници на бугарската заедница во Република Северна Македонија. Од моментот на нападот врз него, дипломатската мисија му обезбедува сета неопходна поддршка и асистенција.
Како што информира бугарското МНР, заменик-министeрот Георг Георгиев лично разговарал со Перев, уверувајќи го дека Бугарија ќе продолжи да биде негова силна поддршка во овој тежок период.
Во официјалната реакција, Софија остро го осуди „уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија“, потенцирајќи дека ваквите случаи, за жал, се поттикнати од „актуелната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“.
Од Министерството истакнаа дека со внимание ги следат прашањата што Перев ги отвори во својата статија во „Трибуна“, согласувајќи се дека инцидентот претставува не само повод за преиспитување на положбата и правата на Бугарите во земјата, туку и важен тест за реакцијата на надлежните институции и нивниот однос кон кривичните дела од омраза.
Бугарија очекува институциите во Северна Македонија да преземат навремени и ефикасни мерки за целосно расветлување на случајот и спроведување на правдата. Во соопштението се потсетува дека европскиот интеграциски процес на државата подразбира целосно и искрено исполнување на Европскиот компромис од 2022 година, вклучително и почитување на заедничките вредности и гарантирање на правата на Македонските Бугари.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

