20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарската телевизија NOVA објави истражување во кое се тврди дека македонскиот пратеник Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ не ја кажал вистината за своето семејство. Иако во интервју за телевизијата Сител тој изјави дека „ниеден негов роднина нема бугарски пасош“, документите до кои дошла NOVA покажуваат дека неговиот брат Иван Лефков добил бугарско државјанство пред две години.
Во својата апликација пред бугарското Министерство за правда, Иван Лефков навел дека целото семејство – татко му, мајка му, сопругата, децата и брат му Миле – се Бугари по народност, и дека е воспитан во духот на бугарските традиции и обичаи.
Случајот предизвика бура од реакции и ја отвори старата дилема – зошто во Северна Македонија бугарскиот пасош се смета за срам или компромат. Според аналитичарот Георги Трендафилов од Истражувачкиот центар во Скопје, ова е резултат на „вулгарна и примитивна пропаганда“ која со години создава страв од сè што е поврзано со Бугарија.
Новинарот Атанас Величков од порталот tribuna.mk вели дека во Северна Македонија владее двојна морална мерка:
„Кога ти треба бугарски пасош за работа или бизнис – тоа е нормално. Но, ако сакаш да градиш политичка кариера, тогаш е пожелно тоа да остане тајна.“
Иако премиерот Христијан Мицкоски тврди дека во државата има само неколку стотини луѓе со бугарско потекло, официјални податоци од Софија укажуваат на над 200 илјади македонски државјани со добиено бугарско државјанство.
Истражувањето на NOVA не застанува само на случајот Лефков. Телевизијата открила дека роднини на премиерот Христијан Мицкоски исто така имаат бугарски пасоши.
Неговата балдза Стевица Јанева и нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев добиле бугарско државјанство во 2016 година. Во својата изјава пред бугарските власти, Јанева навела дека нејзините родители и сестра се Бугари по народност од Струмица, а семејството има роднини во Петрич и Софија.
И министерка од актуелната влада, Сања Божиновска, имала бугарско државјанство кое го напуштила во 2023 година за да добие чешко. Во својата декларација, таа напишала дека нејзините родители и брат се Бугари.
Извор: www.vesti.bg
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден