26 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Според архивски документ од времето на Втората светска војна, бугарската држава донела одлука за отпишување на даночен долг на Дамјан Николов Жерновски од Скопје, кој е прадедо на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.
Документите се објавени во државниот весник „ДЪРЖАВЕН ВЕСТНИК“, Притурка кон број 132 од 24 јуни 1944 година, во делот „Официјален оддел“ на Министерството за финансии на тогашното Царство Бугарија.
Во нив стои дека одлуката е донесена врз основа на решенија на проширена комисија при XXV-то обично Народно собрание. Конкретно, за Дамјан Николов Жерновски се наведува дека му се „опростува сумата од 6.839 лева данок за 1941 година, по размер на 1940 година, како и каматите врз неа“, кои биле должени кон Скопското даночно управување.
Оваа одлука е дел од поширок сет на финансиски решенија донесени во периодот 1943–1944 година, кога бугарската администрација управувала со територијата на Скопје за време на војната.
Дополнително, историските податоци покажуваат дека синот на Дамјан Николов Жерновски — Кирил Дамјанов Жерновски — бил дел од локалната власт во тој период. Тој ја извршувал функцијата помошник-кмет на Град Скопје во периодот од 1941 до 1943 година, односно во времето кога градот бил под бугарска администрација.
Овие податоци отвораат прашања за улогата на поединечни семејства во административните структури за време на воениот период, како и за начинот на кој се носеле финансиски одлуки од страна на тогашните власти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

