28 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Експертката за меѓународни односи од Бугарија, Малинка В’лкова, во изјава за бугарската телевизија Еврком оцени дека бугарските институции покажале недоволна активност дури и по најновиот напад овој месец врз бугарската амбасада во Република Северна Македонија.
Според В’лкова, официјалната реакција на Софија засега се сведува само на формална осуда. Таа потсети дека на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи било објавено соопштение во кое нападот бил „остро осуден“, но без да следуваат конкретни дипломатски чекори.
„Не сум слушнала за повикување на амбасадор, ниту за посериозни акции од страна на нашата влада. Прашањето е дали постојат информации надвор од официјалните соопштенија, затоа што во јавноста досега излегоа само тие“, изјави В’лкова за Еврком.
Таа додаде дека во јавноста се појавила и статија поврзана со годишниот прием што го организирала македонската држава, на кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обратила пред дипломатскиот кор. Во својот говор, претседателката ја споредила Република Северна Македонија со митолошките ликови Пенелопа и Одисеј, алудирајќи на долгиот и тежок пат на земјата и на одбивањето да се менува уставот под надворешен притисок.
В’лкова истакна дека иако целосно се согласува оти уставот е највисокиот нормативен акт во секоја држава, во меѓународните односи постои општо прифатено правило кое не смее да се игнорира.
„Ратификуваните меѓународни договори имаат предимство во однос на локалното законодавство, па дури и во однос на уставот. Тоа е основен принцип во меѓународното право“, нагласи таа.
Според неа, токму ваквите правни и дипломатски прашања бараат појасен и поодлучен институционален одговор, особено во ситуации кога станува збор за безбедноста на дипломатските претставништва и за чувствителни билатерални односи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

