Бугарин од Кавадарци до Мицкоски: Ќе треба да го проширите Уставот, нè има повеќе од што мислите
Добре Митрев, претседателот на здружението за Македонско-бугарско пријателство од Скопје, силно и недвосмислено го нападна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговата прес-конференција денес. И тоа не со дипломатски фрази, туку со тешка иронија и директни удари по суштината на националниот дискурс.
Во својата објава на Facebook, Митрев го прозва Мицкоски со зборови што нема да му се допаднат:
„Не, господине Мицковски, не се 750 бугарски фамилии, многу повеќе се.“ – почнува тој, алудирајќи на бројот на Бугари во Македонија кој постојано се минимизира во јавноста.
Но тука не застана. Митрев директно повикува на отворање на архивите на УДБА и КОС, службите што со децении ја креираа историјата и идентитетот под диктат:
„Кога би се потрудиле да ги отворите архивите… можеби ќе препознаете и некој ваш предок.“
Ова е не само лична провокација, туку и предизвик за поширока национална дебата: колку долго ќе се крие вистината за потеклото, колку уште ќе се менува историјата по потреба на дневната политика?
Најексплозивната изјава?
„Ќе треба да додадеме многу нови страници на нашиот Устав за да може да ги запишеме сите Бугари.“
Со оваа реченица, Митрев ја отфрла тезата дека внесувањето на Бугарите во Уставот е техничка работа. Тој укажува на нешто многу подлабоко – дека државата сè уште не се соочила со своето минато и реалноста на својата етничка структура.