15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Под звуците на химната на бугарската просвета „Врви, народе возродени“, на 22 мај 2025 година во Битола свечено беше одбележан Денот на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската писменост – 24 мај. Настанот беше организиран од Генералното конзулатство на Република Бугарија во Битола заедно со бугарските здруженија од регионот.
Со поздравно обраќање кон присутните се обрати генералниот конзул г. Николaj Димитров, кој ја нагласи длабоката историска и духовна врска на бугарскиот народ со делото на солунските браќа. Тој потсети дека оваа светла традиција се негува уште од почетокот на XIX век и претставува основа за зачувување на идентитетот, културата и духовноста.
Во рамките на прославата, присутните имаа можност да ја посетат изложбата „Петар Берон – 200 години од издавањето на Рибниот буквар“, љубезно обезбедена од Централната библиотека при БАН. Гостите беа поздравени со пригоден адрес од директорката д-р Силвија Најденова. Изложбата предизвика голем интерес, бидејќи преку делото на д-р Петар Берон се прикажува преминот од килијното кон светското образование и улогата на „Рибниот буквар“, издаден во Брашов во 1824 година, како симбол на бугарското просветителство.
Посебен белег на празникот беше и традиционалниот литературно-уметнички конкурс „Аз, Буки, Веди“, кој се одржа по осми пат во организација на Здружението за македонско-бугарско пријателство од Битола. Најдобрите творби беа наградени од г-ѓа Маринела Петреска, претседател на Здружението, генералниот конзул г. Николaj Димитров и г. Петар Петров, советник во Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Свеченото одбележување во Битола уште еднаш покажа дека делото на Кирил и Методиј продолжува да обединува и да инспирира. Во атмосфера исполнета со гордост и пријателство, присутните испратија порака за почит кон просветителските вредности и значењето на писменоста како мост меѓу народите.
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден