28 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во средношколскиот интернат „Здравко Цветковски“, лоциран во главниот град, учениците секојдневно се соочуваат со шокантен проблем – во храната што им се сервира се појавуваат бубашваби, објави медиумот A1ON.
Според сведоштвата на учениците, инсектите на менито не се изолиран инцидент, туку редовна пракса што трае повеќе од една година. Бубашваби се пронаоѓани и во појадокот, и во ручекот, и во вечерата – „некогаш во јадењето, некогаш во пецивото“, велат тие.
Агенција за храна и ветеринарство е известувана за проблемот повеќе пати. До институцијата се доставувани и фотографии како доказ, по што инспектори биле испраќани во интернатот. Сепак, и покрај пријавите и контролите, учениците тврдат дека ситуацијата останала иста, без конкретни мерки и подобрување.
Дополнителен проблем е што бубашваби биле најдени дури и испечени во пецивата што интернатот ги набавува од позната скопска пекарница, а дел од случаите се документирани со фотографии, кои циркулираат и на социјалните мрежи.
Родителите и учениците прашуваат – „Како е можно инспекции да доаѓаат, а проблемот да останува?“ Тие апелираат за итна реакција, подобрување на санитарните услови и одговорност од надлежните.
Од Интернатот „Здравко Цветковски“ засега нема јавно официјално соопштение околу овие тврдења, но притисокот во јавноста расте, а прашањето за квалитетот и безбедноста на храната во ученичките установи повторно се наметнува како сериозен системски проблем.
Прочитајте повеќе на** А1 ОН.**
Дали становите во Скопје вредат толку? За истите пари може да купиш остров!
Агелер уверена: С. Македонија работи на вклучувањето на Бугарите во Уставот
Европскиот парламент побара забрана за социјални мрежи за тинејџери под 16 години
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

