19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Бујар Дардишта, кадар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), е уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце, објави Радио Лидер. Според информациите, Дардишта се обидел да избегне апсење, но бил навремено лоциран и приведен од страна на полицијата.
Апсењето е дел од поширока полициска акција спроведена во текот на ноќта и рано утринава на повеќе локации низ државата, при што биле приведени повеќе од 10 лица. Детали за причините и обемот на акцијата засега не се соопштени.
Дардишта во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, институција која подолго време беше во фокусот на јавноста поради сериозни забелешки за начинот на работење и за издавање документи без целосна евиденција.
Информацијата за апсењето ја потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изјава за медиумите. Тој говореше на настан по повод промоцијата на фотоволтаична централа поставена на Центарот за обука на МВР, која е донација од компанијата ОКТА.
Надлежните институции најавуваат дополнителни информации во текот на денот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

