28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Кавадарци се разбуди во хорор. Утрото на 27 август беше обележано со сцени кои потсетуваат на најцрните криминални хроники – млад човек загуби живот поради сурово претепување пред едно казино во градот.
Според информациите од Обвинителството, три лица – двајца 27-годишници и еден 35-годишник – најпрво влегле во вербална расправија со жртвата, која наскоро прераснала во брутален напад. Со тупаници и клоци, директно во главата и телото, тие го оставиле човекот без свест. Несреќниот Кавадарчанец се обидел да најде засолниште назад во казиното, но немал спас – поради тешките повреди починал.
Нема информации за вистинскиот мотив, иако се шпекулира дека станува збор за финансиски обврски. Но дали тоа воопшто е оправдување за ваква суровост? Граѓаните на Кавадарци велат дека со години сведочат на растечко насилство, но овој случај е кулминација која ги остави без зборови. „Ова е крај. Никој не е безбеден. Денес беше тој, утре може да биде било кој од нас“, велат очевидци.
Истражната постапка е во тек. Ќе се собираат докази, а осомничените ќе поминат психијатриски вештачења. Доколку се докаже намера, делото може да се преквалификува во убиство. Обвинителството веќе побарало притвор за тројцата, оценувајќи дека постои опасност од бегство и влијание врз истрагата.
Овој случај повторно го отвора прашањето: каде е државата? Како е можно во 5 часот наутро, на главна улица, човек да биде претепан до смрт без никој да спречи? Колку уште вакви трагедии ќе треба да се случат за да сфатиме дека насилството ни станува секојдневие?
Граѓаните на Македонија, веќе изморени од криминал, сиромаштија и неправда, добија уште една мрачна потврда дека животот вреди сè помалку. Убиството во Кавадарци е само уште едно болно потсетување дека сигурноста, правдата и моралот исчезнуваат пред нашите очи.
Наместо гордост, понижување: Штип празнува јубилеј на клуб со окупаторско потекло
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден