04 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Брат на младо момче кое минатата недела беше прободено со нож повторно побара правда за својот брат, кој и понатаму се наоѓа во тешка здравствена состојба. Тој преку објава на социјалните мрежи го прозва министерот за внатрешни работи, Панчe Тошковски, обвинувајќи ги институциите за неактивност и неправда.
Според неговото сведоштво, жртвата е во болничка постела и живее благодарение на лекарите кои девет часа се бореле за неговиот живот. Напаѓачот, кој го именува како Цветко, наводно е слободен и се наоѓа во соседна Грција, каде објавува фотографии на Инстаграм.
„Наместо да биде во притвор за обид за убиство, тој ужива во слобода. Наместо да му бидат одземени патните исправи, државата му дозволува да патува како ништо да не се случило. Зарем требаше да биде убиен за Цветко да биде процесуиран и притворен?“, напиша братот на жртвата.
Тој тврди дека ваквата ситуација е „срам и пораз на системот, на полицијата, на обвинителството и на државата која тврди дека е правна“, барајќи одговори од министерот Тошковски. „Министре, каде е законот кога жртвата е во болница, а насилникот на одмор? Каде е државата кога семејства страдаат, а сторителите се наградуваат со слобода?“, прашува тој.
Семејството на повредениот маж најавува дека нема да замолчи додека не добие правда за својот син и брат.
„Не бараме милост, бараме правда. Правда за Марко!“, завршува објавата на братот на жртвата.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

