13 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Интервју со Борче Костевски, активен член на бугарската заедница од Струга, за видливиот и невидливиот притисок, политичката неволја и иднината на младите во државата.
Г. Костевски, благодариме што прифативте да проговорите отворено. Какво е чувството денес да се изјасниш како Бугарин во Македонија?
Најпрво, ви благодарам за поканата и за интересот за оваа тема. Да се изјасниш како Бугарин во Македонија денес не е проблем со обичниот народ. Напротив, проблемот доаѓа од институциите, од власта и, парадоксално, од дел од самите македонски Бугари – особено од тие што поседуваат бугарски пасоши и документи за потекло уште од 2004 година. Тие вршат најголем притисок врз останатите. Станува збор за внатрешно самонегирање, кое е тивко, но постојано.
Дали сметате дека бугарската заедница треба да биде вклучена во Уставот на РС Македонија?
Секако. Нема ниту една логична пречка зошто бугарската заедница не би била признаена како и сите други. Политичките елити го избегнуваат тоа прашање поради изборни калкулации – стравуваат дека ќе изгубат дел од гласачката поддршка. Сигурен сум дека доколку Бугарите се внесат во Уставот, тоа ќе придонесе за појава на нова политичка структура со компетентен кадар, образовани луѓе со искуство, кои би можеле да донесат нова енергија и визија.
Како ги коментирате навредите и етикетите како „фашист“, кои често се упатуваат кон лицата што се декларираат како Бугари?
Таквиот говор е остаток од минатиот систем и од идеолошките поделби што сè уште живеат во дел од општеството. Во Европа, каде што имам живеено и работено, вакви зборови не се користат во јавен дискурс. Луѓето што ги користат таквите термини обично се луѓе со лични фрустрации, често со блиски роднини кои и самите имаат бугарско државјанство. Тоа е парадоксот. Со време, верувам дека ќе се намали потребата од такви поделби, но потребна е образовна и културна зрелост.
Постојат ли реални услови за политичка волја да се решат овие прашања?
За вистинска политичка волја, најпрво е потребна транспарентност. Многу од проблемите доаѓаат од вкрстените интереси – особено финансиските. Имавме ситуација каде што во рок од два дена беа поставени религиозни личности со цел да се заштитат средства оставени по смртта на одредени високи црковни функционери. Наместо тие средства да бидат распределени праведно, се создаваат фиктивни структури. Тоа е пример за тоа како функционира системот кога се во прашање пари и влијание.
Како гледате на трендот на иселување, особено меѓу младите што се идентификуваат со бугарската заедница?
Се случува тивка маргинализација. Младите кои се идентификуваат како Бугари веќе чувствуваат дека немаат перспектива овде. Старите структури, поранешни безбедносни кадри, и понатаму ја диктираат атмосферата. Патриотизмот е сведено на митинзи и празни говори, додека зад сцената се води системско отуѓување. Младите се принудени да заминуваат – не затоа што сакаат, туку затоа што тука немаат можност да изградат достоинствен живот.
Постои ли генерација што може да донесе промени?
Секако, но таа генерација е веќе расфрлана низ дијаспората. Тоа се млади луѓе кои не делат по етничка или верска припадност, туку сакаат да работат чесно и заеднички. За жал, тие беа потиснати и избуткани надвор од државата. Ако Македонија некогаш сака да стане вистински дел од европското семејство, ќе мора да создаде услови тие луѓе да се вратат и да градат дома. Но тоа не ѝ одговара на оние што се навикнати на корупција – во таква Европа тие не би можеле да функционираат.
И за крај – што би им порачале на граѓаните на Македонија?
Апелирам до сите граѓани – не дозволувајте да ве делат по националност. Не се карајте со други заедници, бидејќи тие ќе си останат во добри односи со сите, а вие ќе ги изгубите пријателствата. Политиката е полна со лицемерие – едно се зборува пред вас, друго зад вас. Не дозволувајте да бидете жртви на туѓи интереси. Бидете свесни, критички и отворени едни кон други.