01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Срамна сцена го потресе срцето на Битола – на најпознатата улица Широк Сокак, група млади луѓе насилно го принудија Албанец со шведско државјанство да ја соблече маицата со орел, симбол кој за нив бил „неприфатлив“. Овој чин, кој се случил во четвртокот навечер, ја остави јавноста со горчлив вкус и со уште една рана на кревкиот соживот во Македонија.
Жртвата, 32-годишниот С.Х.Д. од Шведска, престојувал во Дебар, но судбината го довела во Битола, каде наместо гостопримство, го пречекале омраза и агресија. Неколку непознати млади му пришле и почнале да го малтретираат, барајќи да ја соблече маицата со симболот на двоглавиот орел. Немал друг избор – понижено ја предал маицата и останал без заштита, додека насилниците исчезнале во непознат правец.
МВР кратко соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Но јавноста сè повеќе е убедена дека овие истраги најчесто завршуваат во мртви лавиринти.
Реакцијата на Демократската унија за интеграција беше жестока. Оттаму порачаа дека овој напад е јасен доказ за климата на омраза што се поттикнува од врвот на државата. „Кога на трибини во присуство на државниот врв одекнуваат повици на омраза, а властите велат дека ‘не слушнале’, тоа не е изолиран случај, туку политика,“ стои во соопштението.
ДУИ предупредува дека оваа појава е спротивна на духот на Охридскиот договор и претставува опасен пат кон продлабочување на етничките тензии. Тие апелираат на итна и бескомпромисна реакција, но граѓаните одамна ја изгубија вербата дека институциите ќе ги заштитат од омразата што секојдневно се шири.
Овој инцидент не е само обична улична расправија – тоа е аларм дека Македонија тоне во спиралата на национализам и омраза. Ако на најфреквентната улица во Битола млад човек може да биде понижен само поради симбол на маица, што останува за обичните луѓе кои секојдневно се борат со дискриминација, сиромаштија и неправда?
Државата молчи, институциите тапкаат во место, а омразата се вгнездува длабоко во секојдневието. Македонија станува земја каде што соживотот е празна флоскула, а надежта за нормална иднина бледнее со секој ваков инцидент.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден