МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Повратот на ДДВ е селективен, доказите се во штабовите на владејачките партии

17 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, изнесе сериозни обвинувања дека повратот на данокот на додадена вредност (ДДВ) во земјава се врши на селективен начин. Според него, проблемот не е само технички, туку има и длабока политичка димензија.

„Секојдневно се среќавам со компании коишто, за жал на министерката за финансии, се жалат дека повратот на ДДВ е реален проблем. Нешто што го немаше во изминатиот период“, изјави Битиќи.

Тој нагласи дека додека бил на функцијата вицепремиер, немало ургенции или селективност во процесот на поврат на ДДВ. Единствено било дозволено да се интервенира за забрзување на инспекциски надзори со цел да се олесни процесот за фирмите. Денес, како што вели, ни тоа не се прави, а времето на чекање е значително зголемено.

Осврнувајќи се на изјавата на министерката за финансии дека во првите пет месеци од 2025 година повратот на ДДВ е зголемен во споредба со истиот период лани, Битиќи посочува дека бројките не смеат да се гледаат изолирано.

„Минатата година имаше избори. Во изборен процес може да има намалување на интензитетот на враќање на ДДВ, но реално секоја година износите би требало да бидат повисоки поради зголемени економски активности“, рече тој.

Битиќи остро реагираше и на одлуката на актуелната власт да го прекине проектот ИФМИС – интегрираниот систем за финансиско управување, кој, според него, бил клучен за транспарентно и автоматско следење на податоци меѓу институциите.

„Речиси четири години работевме со Светска банка за да почнеме да го воспоставиме системот, кој требаше да ги поврзе Министерството за финансии, УЈП и Царината. За жал, проектот е запрен без објаснување“, рече Битиќи.

На прашањето дали има докази за тврдењата за партиски списоци при поврат на ДДВ, Битиќи одговори дека доказите се кај самите владејачки партии.

„Можам да ги викнам сите компании ако добијам гаранции дека тие нема да бидат подложени на институционален линч“, додаде тој.

Во контекст на правната рамка, Битиќи го постави прашањето зошто не се почитуваат роковите предвидени со закон за поврат на ДДВ, кои се движат од 30 до 60 дена.

„Ако не се важни роковите, тогаш нека ги укинеме. Но, тие постојат за да се обезбеди предвидливост и доверба во системот“, истакна тој.

Битиќи го заврши интервјуто со пораката дека повратот на ДДВ не е само финансиско прашање, туку и клучен показател за правната сигурност и функционалноста на институциите во државата.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени