TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

„Бехтел и Енка“ ги отпуштаат македонските работници од Коридорот 8, странските остануваат на работа

08 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Педесетина работници од тетовско-гостиварскиот регион кои беа ангажирани на изградбата на автопатот од Коридорот 8 денеска одржаа јавен собир пред базата на компанијата „Бехтел и Енка“. Тие го изразија својот револт откако, како што велат, без претходна најава биле отпуштени од работа и покрај тоа што имале активни договори.

Според нивните тврдења, утрото кога дошле на работа им бил предочен список со имиња и им било соопштено дека истиот ден им престанува работниот ангажман.

„Сабајлево дојдовме на работа и ни дадоа список. Ни кажаа дека до денеска сме на работа и дека договорот повеќе не ни важи. Има колеги кои до четврти, петти, шести, седми месец имаа договор, но ни рекоа дека тоа е тоа. Ни рекоа дека државата не дава средства и финансии и поради тоа немале средства да нè држат и да ни даваат плата и затоа нè отпуштаат“, изјави Стојанче Ристовски, кој работел како возач на товарно возило.

Отпуштените работници тврдат дека прекинот на работниот ангажман се спроведува селективно и дека одлуката се однесува само на работниците од Македонија. Според нив, странските работници ангажирани на проектот – од Индија, Турција и други земји – продолжуваат да работат.

„Ние тука не сме ни пет проценти локални работници, а требаше да бидеме 70 проценти. Наместо тоа, сега и ние малкумина што сме од Македонија нè бркаат. Странските работници остануваат, а за нас Владата наводно немала пари“, изјави работникот Јетон Фариу.

Од Министерството за транспорт, пак, велат дека Владата навремено ги исплатила сите фактури кон изведувачот и дека државата нема обврска да се меша во одлуките поврзани со бројот на работници.

„Во однос на бројот на работници, компаниите кои работат во име на изведувачот како подизведувачи и ангажирањето машини или друга опрема се договорни обврски на изведувачот ‘Бехтел и Енка’. Владата, Министерството за транспорт и ЈПДП како инвеститори немаат обврски во тој дел“, информираат од Министерството.

Оттаму додаваат дека проектот се реализира согласно предвидените рокови и дека динамиката на работите останува непроменета.

Од канцеларијата на „Бехтел и Енка“ во Скопје истакнуваат дека се горди на своето искуство во изградба на автопати низ Централна и Источна Европа, нагласувајќи дека во своите проекти традиционално им даваат приоритет на локалните работници и заедници.

Според компанијата, во текот на реализацијата на големите инфраструктурни проекти често се вршат прилагодувања на бројот на работници во зависност од фазите на изградба.

„Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува прилагодување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби“, соопштија од „Бехтел и Енка“.

Од компанијата потврдуваат дека проектот бележи напредок и дека остануваат посветени на партнерството со Владата за изградба на автопатска инфраструктура која ќе ја подобри поврзаноста и ќе придонесе за економски развој. Тие исто така нагласуваат дека сите фактури до овој момент се целосно исплатени од страна на Владата.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
13 март 2026

Пензионер поставен за нов директор на РЕК Битола, разрешен Тони Петрушевски

МАКЕДОНИЈА
13 март 2026

Меџити: САД остануваат стратешки партнер за зајакнување на институциите и развој на државата

СВЕТ
13 март 2026

Зеленски: Украински воени специјалисти веќе успешно работат на Блискиот Исток

МАКЕДОНИЈА
13 март 2026

Ќоку: Шовинистот Костадиновски уште повеќе го урива правосудниот систем

СВЕТ
13 март 2026

Трамп: САД заработуваат од високите цени на нафтата

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
13 март 2026

Ифтарот на Еди Рама ги обедини Али Ахмети, Арбен Таравари и Фатмир Лимани

МАКЕДОНИЈА
13 март 2026

Гаши: Чест ми е што присуствував на ифтарот организиран од премиерот Мицкоски

МАКЕДОНИЈА
13 март 2026

Филипче: Корупцијата доведе до големата трагедија во Кочани

ДРУГО
13 март 2026

Денеска 13 март 2026 година се празнува Светиот свештеномаченик Протериј

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

ДУИ: Кога во Владата има слабо и потчинето претставување како „ВЛЕН“, антиалбанските сили се охрабруваат

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Шаќири: Кога Уставот се прекршува од оние што треба да го штитат, на негово место доаѓа анархијата

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси од 650.000 и часовници од 60.000 евра – а Мицкоски ги нарекува работниците хистерични

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Уапсено лице поради напад врз својата сестра во Гостивар

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

ДУИ: Владата да преземе мерки – од понеделник се очекува ново поскапување на горивата

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Уапсено лице од Желино по физички напад по судско рочиште

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

ВЛЕН: Овој состав на Уставниот суд се однесува како југословенска политичка елита

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

31-годишник пријавил дека бил физички нападнат од партнерката во Тетово

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Фазлиу: Пред 2001 година извор на криза беше Уставот, денес Уставниот суд

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Одредени мерки на претпазливост за професор пријавен за сексуално вознемирување на ученичка

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Салиу: Ќе има ли одговорност за изјавите што ги вознемирија Албанците и прашањето за албанскиот јазик?

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Беким Фазлиу: Ако „Фармата на животните“ беше за РСМ, ќе имаше и Уставна штала

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Зијадин Села: Неопходен механизам за заштита на правата на Албанците

СПОРТ
12 март 2026

Бугаринот Џоргов стана светски првак на младинското првенство во биатлон

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Само 16.061 новородени во 2024: наталитетот во Северна Македонија на историски минимум

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Медаи Шахоли: Негирањето на албанскиот јазик продолжува и денес

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Виктор Стојанов: Скопје ја заплашува бугарската заедница за да ја намали нејзината активност

МАКЕДОНИЈА
12 март 2026

Селими: Политиката „Македонија на Македонците“ е спротивна на Охридскиот рамковен договор

СПОРТ
12 март 2026

Скандал во македонскиот женски фудбал: Фудбалерките на Љуботен го напуштија теренот по поништен гол

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега