04 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека полицијата запрела автобус со сериозни технички неисправности, кој превезувал значително поголем број деца од дозволеното.
Настанот се случил на 3 април 2026 година во 07:45 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во патниот сообраќај извршиле контрола на автобус со скопски регистарски таблички, сопственост на правно лице од Скопје кое врши јавен превоз на патници, односно организиран превоз на деца.
При контролата било утврдено дека во автобусот се превезувале вкупно 85 патници, иако според сообраќајната дозвола максималниот дозволен број изнесува 48. Тоа значи дека возачот, 63-годишниот Ј.Д. од Скопје, превезувал дури 37 деца повеќе од дозволеното.
Дополнително, возилото било подложено на вонреден технички преглед во овластена станица, при што биле констатирани сериозни технички недостатоци. Експертите утврдиле дефект на системот за сопирање – намалена сила на работната и помошната сопирачка, како и оштетено предно ветробранско стакло, што ја нарушува видливоста.
Против правното лице, одговорното лице во компанијата и возачот се преземени соодветни мерки, а тие ќе се соочат со санкции согласно закон. Автобусот е исклучен од сообраќај сè додека не се отстранат сите утврдени недостатоци.
Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на патиштата, особено кога станува збор за превоз на деца.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

