23 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска е спроведен на распит во Обвинителството, откако утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце. По апсењето, тој беше сместен во притворското одделение во Шуто Оризари.
Груби е осомничен во предметот поврзан со „Државна лотарија“, во кој се истражува наводна проневера тешка осум милиони евра. Според информациите од истрагата, тој пред повеќе од една година ја напуштил државата преку истиот граничен премин, откако заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за злоупотреби поврзани со набавка на ВЛТ-апарати.
По неговото заминување од земјата, по Груби беше распишана меѓународна потерница, а судот му одреди 30-дневен притвор во отсуство.
Истрагата за случајот „Државна лотарија“, како што претходно соопшти поранешниот државен јавен обвинител, е завршена, а надлежните институции ја очекуваа екстрадицијата на осомничениот за да продолжи судската постапка.
Од Обвинителството информираат дека предметот опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над осум милиони евра, со цел прибавување противправна имотна корист за други лица.
По денешниот распит се очекуваат дополнителни информации за натамошниот тек на постапката и евентуалните мерки што ќе бидат побарани од обвинителството.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

