23 октомври 2025
• од Тодор Вангелов
Данела Арсовска, објави остра порака на социјалните мрежи во која директно ја обвинува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН за состојбата со отпадот во главниот град. Арсовска, која следната недела ја напушта градоначалничката функција по изборот на нов градоначалник, посочи дека управувањето со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е целосно под контрола на мнозинството во Советот на Град Скопје.
Во објавата, таа детално објаснува кои институции се надлежни за одлуките што ја определуваат работата на претпријатието:
„Ниту еднаш Советот на Град Скопје не презеде мерки да обезбеди нормално работење на КХС, ниту пак да го разреши Управниот и Надзорниот одбор, како што налага Законот“, напиша Арсовска.
Таа додава дека јавноста треба јасно да ги препознае одговорните за хаосот со комуналната хигиена и предупредува на, како што вели, „манипулациите на корумпираните политички елити“.
Оваа објава доаѓа во чувствителен политички момент, само неколку дена пред изборот на нов градоначалник на Скопје. Состојбата со отпадот и комуналната хигиена веќе подолго време е еден од најгорливите проблеми во градот и централна тема во предизборната кампања.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден