19 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Арбр Адеми од Коалицијата Националната алијанса за интеграција (НАИ) денеска на прес-конференција изрази голема благодарност до сите граѓани кои учествуваа на изборите, нагласувајќи дека овие избори претставуваат повеќе од обично локално гласање.
„Овие избори за нас беа повеќе од локални избори. Завршен е еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата, подеднакво важна фаза – броење, администрирање и зачувување на интегритетот на гласот,“ изјави Адеми.
Тој ги повика надлежните институции и изборната комисија да се придржуваат до највисоките европски стандарди за спроведување на изборниот процес, со цел конечниот резултат да ја одрази вистинската волја на граѓаните.
„Денес, над сè, победник е граѓанинот – оној кој верува во демократијата, учеството и европските вредности,“ додаде Адеми, нагласувајќи дека демократијата се гради преку доверба и транспарентност во секој чекор од изборниот процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден