28 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Антикорупциската комисија, по сопствена иницијатива, отвори предмет за унапредување на блиско лице на премиерот во раководител на сектор во едно Министерство. Но, наместо одговори и транспарентност, јавноста доби уште една приказна со предвидлив крај – постапката е запрена, бидејќи било констатирано дека унапредувањето е направено согласно законот.
Предметот бил оформен во мај годинава, но по неколку месеци Комисијата констатирала дека нема ништо спорно. Дополнително, сомнежите за сопругата на лицето пропаднале – Министерството доставило информација дека кај нив воопшто не е вработено такво лице.
На седницата не беше кажано ниту во кое Министерство е вработено лицето, ниту пак каква е неговата поврзаност со премиерот Христијан Мицкоски. Наместо јасност, јавноста повторно доби тишина и недоречености.
Членот на ДКСК, Зоран Богоевски, појасни дека лицето било вработено уште од 2004 година во Министерството, а од 2010 година било на позиција раководител на одделение. Согласно годишниот план за вработување од 2025 година, било предвидено ново работно место – државен советник за координација на подрачните единици. Тоа било внесено и во Правилникот уште во 2015 година и за сето тоа постоела согласност и од Министерството за јавна администрација и од Министерството за финансии.
Формално, сè изгледа чисто и законски. Но граѓаните остануваат со чувство дека институциите само формално отвораат предмети, за потоа без објаснување да ги затворат. Наместо одговори и борба против корупцијата, повторно има уште една затворена врата и уште една потврдена недоверба.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден