10 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Активистката Ана Глигорова, ТВ режисер, културолог и борец за човекови права од здружението „Човекот над профитот“, во своја објава остро ја критикуваше транзицијата на Македонија од социјализам кон пазарна економија, опишувајќи ја како „тежок криминал извршен врз народот“.
Според Глигорова, процесот на приватизација што започна по распадот на Југославија претставувал систематско ограбување на општествената сопственост од страна на поранешни функционери, удбаши и директори од социјализмот. „Бившите припадници на привилегираната каста, психопати и манипулатори без трошка емпатија, ги приграбија фабриките и средствата за производство преку ноќ, отпуштајќи стотици илјади работници,“ пишува таа.
Глигорова вели дека најголемиот дел од тие отпуштени луѓе останале без никаква заштита и перспектива. „Останаа гладни, понижени, буквално на улица. Квалификувани работници станаа пазарџии, прекупци на зелените пазари,“ додава таа, опишувајќи го процесот на транзиција како „пад од достоинство во сиромаштија“.
Некои од тие луѓе, објаснува Глигорова, се обиделе да започнат сопствен бизнис, но завршиле во долгови и банкрот поради „истите бивши директори кои, со помош на криминални министри и пратеници, станаа новите газди и феудалци“.
„Нашето општество речиси нема никаква придобивка од приватизацијата,“ вели Глигорова. „Само мал процент од граѓаните навистина профитираа, додека мнозинството тоне во несигурност и сиромаштија.“
Таа тврди дека државата денес функционира како „мафијашка организација“ што тесно соработува со криминални монополи, изникнати од „епохалниот грабеж на општествената сопственост“, со премолчена поддршка од западните држави.
„Во нивните општества транзиција како нашата не постоела,“ истакнува Глигорова. „Тие отсекогаш биле прво феудални, а потоа капиталистички, додека ние направивме насилен пресврт кој го уништи секој облик на социјална правда.“
Активистката објаснува дека во теоријата пазарната економија се темели на понуда, побарувачка и приватна сопственост, со цел децентрализирано донесување одлуки.
Социјализмот, напротив, подразбира јавна или колективна контрола со цел поголема еднаквост и социјална сигурност.
„Основната разлика е во сопственоста и одлучувањето,“ наведува Глигорова. „Кај капитализмот владее профитот, кај социјализмот — потребите на луѓето.“
„Ако не сте се збогатиле, ако вашите приходи не ви овозможуваат достоинствен живот, вашите деца ќе заминат,“ предупредува таа. Според Глигорова, Македонија е заробена во систем на монополи и неказнет грабеж, каде државата не создава фер пазар, туку „води љубов со крупниот гнасен капитал“.
„Сакате подобар свет? Борете се за социјална правда,“ повикува Глигорова. Таа смета дека само мал број луѓе можат да се збогатат во вакво општество — „не затоа што се суперинтелигентни, туку затоа што се без емпатија“.
„Суперинтелигентните знаат дека сè е конечно,“ завршува нејзиниот текст. „Не само како информација, туку како длабоко, човечко разбирање.“
Денеска се празнува Светата маченичка Параскева – симбол на верата и милосрдието
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

