15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упати јавен повик за мобилизација и масовен собир во Тирана на 17 октомври, со порака за поддршка на ослободителите на УЧК. Настанот е најавен за 17:00 часот на Плоштадот „Скендербег“ во главниот град на Албанија.
Во емотивната и силна порака објавена на неговиот профил на Фејсбук, Ахмети повика на единство на целиот албански народ – од Косово, преку Северна Македонија и Албанија, до дијаспората.
„Од Косово што ја крена пушката за слобода, до Северна Македонија што го одржа жив националниот идеал; од Албанија што стана прибежиште на надежта, до секој дел од дијаспората каде што чука албанско срце – сите како едно тело, еден глас, еден дух: ЗАЕДНО!“, напиша Ахмети.
Ахмети истакна дека протестот ќе биде посветен на борците на УЧК и на нивната жртва за слободата на албанскиот народ.
„Ќе бидеме таму за да ја почестиме жртвата, да ја одбраниме вистината, да сведочиме дека пролеаната крв за слобода не се заборава, не се погазува, не се суди неправедно!“, порача тој.
Во завршницата на своето обраќање, Ахмети испрати јасна и силна порака:
„Денес, повеќе од кога било, е време гласно да кажеме дека слободата има име – и тоа име е УЧК! Зашто УЧК не е само историја, таа е нашата крв, нашата гордост, нашето заветување.“
Според најавите, протестот во Тирана се очекува да биде масовен и да претставува силен израз на поддршка за поранешните борци на УЧК, во време кога против некои од нивните водечки личности се водат меѓународни судски процеси.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден