06 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Премиерот на Косово, Албин Курти, им честита на новоизбраните градоначалници во Северна Македонија, Изет Меџити и Билал Касами, по нивната победа на локалните избори, оценувајќи дека нивниот успех е резултат на „чесна работа и конкретни проекти“.
„Изети и Билали триумфираа со заслуга, затоа што работеа чесно и со конкретни проекти. Првиот уште во првиот круг, вториот две недели подоцна, но двајцата победија со голема разлика,“ напиша Курти на своите социјални мрежи.
Курти нагласи дека победата на движењето ВЛЕН во десет општини, од Чаир до Тетово, е доказ за добра управа и волја за промени кај Албанците во Северна Македонија. Според него, во првите 15 месеци на власт, ВЛЕН демонстрирал политички интегритет без корупција и скандали, создавајќи, како што рече, „етичка разлика“ во однос на претходните власти.
Тој додаде дека оваа „нова енергија“ придонела за продлабочување на соработката меѓу Косово и Северна Македонија, од меѓувладините средби до заедничкото управување со границата. „Косово ги поздравува демократските развои во Северна Македонија, како доказ за европската перспектива на нашиот партнер и сојузник,“ порача Курти.
Сепак, ваквиот настап на косовскиот премиер повторно отвори дебата за неговото често вмешување во внатрешните политички процеси на Северна Македонија. Дел од политичката јавност во земјата смета дека честитките на Курти, иако на прв поглед дипломатски, претставуваат мешање во суверените прашања на државата, особено кога тој ги оценува и „квалификува“ локалните изборни резултати.
Ова не е првпат Курти јавно да коментира политички случувања во Северна Македонија, што повторно ја поттикна расправата околу границите на политичката коректност и почитувањето на добрососедските односи.
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

