12 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Скопје се соочува со сериозен и растечки проблем со кучињата скитници. Нападите врз граѓаните стануваат секојдневие, а чувството на несигурност на градските улици е во постојан пораст. Ова е само еден од низата случаи кои укажуваат на загрижувачкиот тренд на агресивно однесување на бездомните животни во главниот град.
Најчести жртви на овие напади се случајни минувачи, меѓу кои често има возрасни лица и деца. Она што дополнително ја вознемирува јавноста е фактот дека нападите најчесто се случуваат во густо населени маала и во непосредна близина на училиштата, што ја прави ситуацијата алармантна.
Граѓаните пријавуваат инциденти во речиси сите делови на градот, барајќи итни мерки за јавната безбедност.
„Да ви кажам право, ги има по два-три, еве ги три таму кај чајџилницата спроти,“ вели еден граѓанин. Друг додава дека решение мора да се најде: „Мора да се соберат, треба да се најде начин да се згрижат, но не да се елиминираат или убиваат.“
Покрај безбедносниот ризик, овој проблем претставува и огромен финансиски товар за градот. Податоците од Град Скопје за периодот од јануари 2025 до јануари 2026 година покажуваат фрапантни бројки:
Додека граѓаните се поделени меѓу стравот за сопствената безбедност и хуманиот третман кон животните, јасно е дека досегашните механизми на Град Скопје не даваат резултати. Додека не се воспостави ефикасен систем за контрола и стационарно згрижување, парите на даночните обврзници ќе продолжат да се трошат на судски пресуди, наместо на долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

