10 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
С. Македонија во изминатата година изгубила 509 лекари, покажуваат најновите податоци од Регистарот на лиценци на Лекарската комора. Министерот за здравство Азир Алиу објаснува дека се работи за сериозен предизвик за здравствениот систем и дека државата веќе подготвува конкретни мерки за надминување на проблемот.
Министерството за здравство изработило Национална стратегија за медицински кадар, која треба да обезбеди рамномерна распределба на лекарите низ целата земја и подобри услови за нивен останок во државата. Според министерот, стратегијата предвидува и дисперзија на здравствените услуги за да се намали преголемата концентрација на пациенти во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
„Нормално стана секој пациент на крај да заврши во Клинички центар ‘Мајка Тереза’. Дури 70 проценти од пациентите таму ја добиваат здравствената услуга, иако најголем дел од нив треба да бидат згрижени на примарно или секундарно ниво,“ вели Алиу.
Со новата организација што ја спроведува Министерството, се очекува да се намали бројот на пациенти во централниот клинички комплекс и да се скрати времето на чекање за прегледи и интервенции. Планот вклучува и зајакнување на регионалните болници, како и подобрување на условите во здравствените домови низ државата.
Алиу истакна дека еднаквиот пристап до здравствени услуги е приоритет, а реформите во тек треба да овозможат поголема ефикасност и подобра организација на здравствениот систем.
Во однос на кадровските прашања, министерот потврди дека анализата на профилите и процесите во здравствениот сектор е завршена, а следниот чекор ќе зависи од одлуките на Владата.
„Јас како министер си терам со работата,“ изјави Алиу, додавајќи дека целта е системот да функционира подобро и да обезбеди поквалитетна услуга за граѓаните.
Денеска се празнува Светата маченичка Параскева – симбол на верата и милосрдието
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

