МАКЕДОНИЈА

Акциска контрола во угостителски објекти во Македонска Каменица

17 мај 2025

• од Вардарски

На 17 мај 2025 година, Секторот за внатрешни работи Штип и Оделението за внатрешни работи Делчево, во соработка со Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти на територијата на Македонска Каменица.

При контролата се констатирани повеќе прекршувања на законските одредби. Меѓу најсериозните прекршоци е утврдено кривично дело – точење на алкохол на малолетно лице. Дополнително, евидентирано е и присуство на малолетник во угостителски објект по полноќ, што претставува прекршок согласно важечките прописи.

Во врска со овие случаи, надлежните институции ќе поднесат соодветни пријави против одговорните лица.

Покрај полициските дејства, инспекциските служби извршија детална проверка, при што беа констатирани и други неправилности во работењето на угостителските објекти. За истите, изречени се соодветни мерки согласно законските регулативи.

Овие активности се дел од континуираните напори на институциите за зајакнување на јавната безбедност и заштита на малолетниците, како и за унапредување на законитоста во работењето на угостителскиот сектор.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени