25 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, најави можно објавување на над 110 илјади тајни документи на поранешните југословенски безбедносни служби, за кои тврди дека сведочат за систематски политички прогон врз Албанците и Македонците во тогашна Македонија.
Говорејќи во емисијата „Дебат на Шења“, Ахмети изјави дека документите се обезбедени од државните архиви на Хрватска и содржат докази за монтирани судски процеси, политички пресуди, егзекуции и атентати, кои, според него, биле оркестрирани од Белград, а спроведувани од локалните структури.
Според Ахмети, со децении Македонците биле осудувани како „пробугарски елементи“, додека Албанците биле етикетирани како „националисти и сепаратисти“. Многумина од нив, како што нагласи, завршиле во озлогласениот логор Голи Оток.
„Ако ги погледнете досиејата, јасно ќе видите дека цели шеесет години Македонците биле осудувани како пробугарски, наводно дека работеле за Голема Бугарија, а Албанците како националисти и сепаратисти кои сакале да создадат Голема Албанија. И Македонци и Албанци завршувале на Голи Оток. Сето ова е документирано“, изјави Ахмети.
Тој изрази зачуденост што институциите на Северна Македонија сè уште не ги објавиле овие документи и предупреди дека, доколку тоа не се случи, ДУИ ќе ги објави самостојно. Ахмети потенцираше дека процесот ќе се одвива професионално, со вклученост на историчари, и дека документите ќе бидат објавени во нивната оригинална форма, без какви било интервенции.
На крајот, Ахмети ја обвини поранешната македонска политичка елита дека му служела на Белград и истакна дека Скопје, според него, било „лабораторија на антиалбански политики“, сценарија кои подоцна биле применувани и во Косово.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

