21 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Адвокатот Владимир Туфегџиќ преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на состојбата во центарот на Скопје, обвинувајќи ги надлежните институции за незаинтересираност и неодговорност кон јавноста.
„Центар на Скопје 10:00 – за загрозување на јавно здравје и ширење епидемија и зараза, во нормални држави кривично се одговара! Ги пребројавте ли историските резултати од изборите? Ова е доказ дека овој град никого од избраните не го интересира, освен за градежна пљачка на политичките трговци,“ напиша Туфегџиќ, пренесува Скопје1.мк.
Тој додаде дека е згрозен од, како што вели, однесувањето на јавните функционери кои, без чувство на одговорност и срам, продолжуваат да се појавуваат во јавноста.
„Најстрашно е што сите одговорни, без елементарно чувство на срам, сеуште се појавуваат во јавност без око да им трепне. Ете затоа не излегов на гласање – нема спас,“ заклучи адвокатот во својата објава.
Објавата предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што дел од граѓаните го поддржаа неговиот став, додека други побараа поголема одговорност од институциите за одржување на јавната хигиена и здравствените стандарди во главниот град.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден