15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбер Адеми, на денешната прес-конференција ја претстави визијата и позициите на коалицијата Национална алијанса за интеграција, нагласувајќи дека оваа политичка структура не е создадена само за изборни цели, туку како проект со долгорочна визија и фокус на стабилноста на државата.
„Ние не сме партија на зборови, туку на работа. Не бараме моќ заради моќ, туку одговорност“, изјави Адеми, потенцирајќи дека новата политичка енергија што ја носи коалицијата има за цел да внесе искреност и отчетност во политичкиот систем.
Во својот говор, Адеми се осврна и на прашањето за еднаквоста на Албанците, нагласувајќи дека тоа е уставно загарантирано право, а не привилегија. Тој предупреди дека секој обид да се третираат Албанците како граѓани од втор ред претставува, како што рече, „удар врз самата држава“.
„Државата може да биде силна само ако сите нејзини граѓани се еднакви пред законот и институциите“, додаде тој.
Меѓу главните приоритети на коалицијата, Адеми ја истакна целосната проверка во правосудството и истрагата на имотот на функционерите и политичките партии во изминатите три децении. Според него, тоа е клучен чекор за воспоставување на доверба меѓу граѓаните и институциите.
„Ова е проверката што ги одделува чесните од корумпираните, државата од бандите и политиката од криминалот“, порача Адеми.
Со ваквите пораки, потпретседателот на ДУИ ја испрати јасната позиција на коалицијата – дека борбата против корупцијата и инсистирањето на еднаквост и правда се темелите на нејзината иднина и визија за интегрирана и стабилна држава.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден