21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Демократската унија за интеграција денесka излезе со јавна реакција по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за 2025 година, документ кој за Кластерот 1 – „Фундаменти“ ги содржи најострите забелешки што Северна Македонија ги добила во последните години.
Овој кластер е суштината на преговорите со Европската унија и ги опфаќа демократијата, владеењето на правото, јавната администрација, економијата и јавните набавки. Без напредок во овие области, не може да има отворање нови поглавја ниту придвижување кон членство во ЕУ.
Европската комисија констатира дека:
Оценките се исклучително сериозни за земја што претендира да отвори суштински преговарачки поглавја со ЕУ.
Според извештајот:
Ова, според БДИ, претставува целосен неуспех на Владата да обезбеди отчетност и институционален интегритет.
Комисијата забележува дека:
Ова е алармантно за функционирањето на демократијата и заштитата на човековите права.
Во делот на реформата на администрацијата, извештајот нотира:
Без професионална и деполитизирана администрација, предупредува БДИ, не може да има реални реформи.
Според ЕК:
Ова ја изложува економијата на долгорочни ризици.
Недостатокот на напредок во клучните области, како и неуспехот да се направат уставните измени, фактички го замрзнаа процесот на преговори со ЕУ.
Извештајот, според БДИ, претставува „црвен институционален аларм“ и покажува дека Владата го загубила стратешкиот правец на државата, сериозно загрозувајќи ја европската перспектива.
Додека Албанија и Црна Гора бележат напредок и го зајакнуваат владеењето на правото, Северна Македонија стагнира и се оддалечува од земјите што реално се движат кон ЕУ.
БДИ упатува шест јасни барања:
„Европската иднина на Северна Македонија не смее да биде заложник на неуспесите на актуелната влада,“ порача БДИ, истакнувајќи дека останува цврсто посветена на евроатлантскиот курс и реалните реформи што ги бара Европската Унија.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

